Бионтек: Вакцината „Фајзер“ штити од нови видови на ковид

од Берта Китинска

Вакцината против КОВИД-19, изработена од „Фајзер“ и „Бионтек“, веројатно ќе заштити од новите типови на видови на коронавируси, откриени во Велика Британија и распространети низ целиот свет, покажуваат резултатите од најновите лабораториски тестови на „Бионтек“, кои беа објавени денес.

Охрабрувачките резултати од анализата преку крвта на учесниците во новите испитувања спроведени од германскиот Бионтек се базираат на пообемни истражувања од оние објавени од американскиот производител на лекови „Фајзер“ минатата недела, пренесува Ројтерс. Минатата недела, Фајзер објави дека слична лабораториска студија покажала дека вакцината е ефикасна против една клучна мутација, наречена N501Y, пронајдена во двете многу преносливи нови варијанти кои се шират во Велика Британија и Јужна Африка.

Најновата студија на Бионтек, објавена на bioRxiv.org, која сè уште не е прегледана, е спроведена на синтетички вирус со 10 мутации кои се карактеристични за варијантата позната како Б117 идентификувана во Велика Британија, а меѓу 11-те автори на студијата се и Угур Сахин и Озлем Туречи , коосновачи на Бионтек. Оваа студија дава понатамошна надеж затоа што рекорден број на смртни случаи од КОВИД-19 се бележат дневно во Велика Британија, за кои се верува дека е одговорен за повеќе пренослив вид на инфекција, што исто така значи дека развојот на вакцините за оваа болест нема да мора да започнам одново, соопшти агенцијата.

Слични содржини