Бишевац: Ахмети е еден од најумните политичари во оваа држава, точно знае кој потег да го повлече

од Nikola Popovski

„Не можете да негирате дека Али Ахмети со цел багаж што го носи не е еден од најспремните, најумните и најмудрите политичари во оваа држава. Тој точно знае во кој момент кој потег да го повлече“, изјави Сафет Бишевац во емисијата „Само вистина“.

„Можно е ДУИ да го одбере и ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција, ако претходно не ги усогласат ставовите со СДСМ. Ако вие цело време играте со жестоки напади кон некого, како што правеше СДСМ кон ДУИ, тогаш треба да се подготвите, резултатот да ве доведе до ситуација да морате да преговарате“, вели Бишевац и смета дека е крајно време оваа држава да покаже дека има сили, знаење и волја за вистински договор и вистински разговор.

Слични содржини