Бишевац: Не е решение на лажица да им даваме помош на компаниите, колку да ги одржуваме во живот

од Vladimir Zorba

Кандидатот за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац во интервју за „Само Вистина“ изјави дека е противник на мерки со кои како „со лажица“ ќе им се дава на компаниите и сопствениците на фирми, колку да се одржуваат во живот.

„Граѓаните немаат избор, сите сме ставени во оваа ситуавција не по своја вина. Она што ни треба е вистински адекватен одговор на секој во оваа држава и поединечно во рамките на своите можности, но пред се вистински одговор на институциите на оние кои раководат со државата. Јас сум противник на мерки со кои како со лажица ќе им даваме на компаниите и сопствениците на фирми, слободните уметници итн. Во оваа држава имаме луѓе на кои како општество им должиме помош – невработени, социјалци. За мене не е решение на лажица да им даваме помош, колку да ги одржуваме во живот со машина. Треба од овој момент да почнеме да работиме на мерки кои практично ќе значат дека стопанството, во моментот кога ќе се добие битката со вирусот, да бидат во полна кондиција за да можат да почнат да произведуваат, вели Бишевац.

Според него има многу експерти на полето и треба да се заборави во еден момент дали предлозите за справување со коронавирусот доаѓаат од владата или опозицијата.

– Тоа мора да бидат предлози на луѓе кои ја водат или утре ќе ја водат државата. Сите треба да работиме на тоа што побрзо да бидеме во состојба нормално да живееме. Начинот на кој ја водиме битката истовремено ќе ни овозможи паралелно да планираме како да дојдеме доподобро утре, смета тој.

Слични содржини