Бислимоски: Ако не се укинеше дневната евтина тарифа поскапувањето ќе беше 14,23 отсто

од Берта Китинска

Од 1 јануари струјата ќе биде поскапа за 9,48 проценти, информираше претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

Воедно донесена е одлука за укинување на дневната евтина тарифа. Но, останува евтина струја навечер и во недела. Според Бислимсоки, ако не се донесела одлука за укинување на дневната евтина тарифа, поскапувањето на струјата ќе беше 14,23 отсто.

„Во наредниот период ќе ја следиме состојбата, бидејќи сме увозна зависна земја. Цената на струјата ако е 1.500 денари, тогаш ќе се зголеми за 135 денари и ова беше најмногу што можеме да направиме, со цел да го одржиме секторот ликвиден и да им служиме на граѓаните. Штедевме некаде околу 5 проценти на месечно ниво. Комоцијата веќе ја немаме. Сега секторот не може да го издржи ударот да се изгубат 100.000 евра за еден ден. Реалното покачување е 9,48 проценти”, изјави Бислимоски.

Слични содржини