Бислимоски: Четврта година по ред Секретаријатот на Енергетската заедница ја прогласува РКЕ за број еден регулатор

од Берта Китинска

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) четврта година по ред е оценета како број еден регулатор од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница. Во годишниот извештај за 2021 година РКЕ првото место го дели со Грузија и Црна Гора. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) има висок професионален профил и продолжува со докажување на регулаторната независност – наведува Секретаријатот во својот годишен извештај.

„Со ова признание заокружуваме еден циклус од четири последователни успешни години на тимска работа која рефлектира компетентност, кредибилитет, професионалност и независност. Признанието од Секретаријатот во Виена е потврда на сите наши активности кои сме ги презеле и одлуки кои сме донеле. Успесите не се случајни и ова признание им го посветувам на вработените кои го даваат својот максимум во сите процеси “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, кој во исто време е и претседател на Бордот на регулатори, позиција што ја нотира Секретаријатот.

Од Виена и годинава, посочуваат дека сложените постапки за вработување претставуваат пречка за привлекување на нови кадри.

Во извештајот се наведува поставената веб платформа од страна на РКЕ која служи како алатка за споредување на цени на електрична енергија со цел да се олесни одлуката при промена на

снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи. Во однос на другите процеси нагласена е потребата за вклучување во регулативата на Мрежните кодови со кои што технички се регулираат одредени прашања од аспект на функционирањето на мрежите. Исто така се очекува во периодот што следува да се постигне усогласување со регулативите за транспарентно функционирање на пазарите преку воведување на одредени правила за однесување на учесниците на пазарите.

Слични содржини