Бислимоски: Воведувањето на ефтина тарифа во време на пандемија е невозможно

од Vladimir Zorba

Граѓанската иницијатива за воведување на ефтина тарифа во текот на целиот ден е технички невозможно, заради вонредната ситуација во која се наоѓа земјата, а предизвикана од пандемијата со Корона вирусот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за ТВ 24.

„Оваа идеа во овој момент не можеме да ја реализираме бидејќи едноставно нема ниту технички можност да се реализира, а истовремено огромен број на луѓе би ги довеле во опасност да се шири и понатаму коронавирусот. Од тие причини сметам дека оваа идеја не може да се имплементира во овој момент“, истакна Бислимоски.

Се разгледуваат можноста за плаќање на сметките на рати, за што веќе се разговара со компаниите.

Бислимоски истакна дека над 200.000 броила се наоѓаат во домовите на граѓаните, а за воведување на ефтината тарифа екипите на ЕВН мора да влезат во секое домаќинство и да дојдат до секое броеило, што е спротивно на препораките во услови на пандемија. Тој додаде дека контактирале и со здравстените власти со оглед на препораките за социјална дистанцираност и ваквата операција би била спротивна на истите, бидејќи би го зголемила ризикот од ширење на вирусот.

Дополннително, тој истакна дека заради вонредната состојба ЕВН не работи со полн капацитет, а РКЕ веќе побарала од компанијата да ги има на располагање единствено екипите кои работат на редовните ремонти и на ургентни случаеви каде што ќе се појави потреба од тоа.

Последниот пат кога во 2017 година се воведуваше ефтина тарифа целата операција траеше повеќе од 3 месеци, бидејќи сите 660.000 броила беа подесувани рачно од екипите на ЕВН. Бислимоски вели дека во овие вонредни услови мора да се мисли на енергетската стабилност која е приоритет, како и на обезбедувањето на услови за нормално функционирање на компаниите кои вршат јавна дејност, како што се ЕВН и државните ЕСМ И МЕПСО.

„Дури и да се воведе ефтина тарифа, најголем проблем во овие кризни времиња е да обезбедиме електрична енергија а цените да останат непроменети. Можно е да останеме без струја во текот на есента, па воопшто да нема сметки. Во услови на ваква глобална криза наша одговорност како Регулаторно тело е да обезбедиме сигурно снабдување на електрична енергија. Наплата на ЕВН Хоум во овој момeнт е намалена за 50%, а тие треба да ја наплатат струјата што ја произведува државната ЕЛЕМ“, вели тој.

Бислимоски истакна дека најголем предивик е да се обезбеди струја и стабилен енергетски енергетскиот сектор во вакви вонредни услови.

„Воведувањето на ефтина тарифа во текот на целиот ден ќе значи 400 денари помалку месечно, додека во системот ќе направи загуби од преку 4 милиони евра. Според проценките, воведувањето на ефтината тарифа 24 часа ќе чини околу 6 милиони евра“, посочи тој.

Бислимоски рече дека тоа може да биде и на товар на буџетот, но мора да бидеме реални дека во овие услови се бара начин како да се спаси економијата и да се пренасочат средствата за суштински сегменти во општеството.

Слични содржини