Бислимовски: Грејната сезона ќе започне на 15. октомври, повикувам да штедиме енергија

од Nikola Popovski

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека РКЕ нема друга опција освен во најкраток рок да ги заврши постапките и да се добие лиценца за испорака на топлинска енергија.

-И ЕСМ и Владата работат на обезбедување на гориво и грејната сезона ќе започне на 15-ти октомври. Не е одолговлекување на постапките, туку се две компании што имаат свои интереси. Ние живееме во демократско општество и конечно денес се случи тој договор. Понатака ќе продолжи да си работи ЕСМ од денеска до крајот на грејната сезона. Постигнато е се што може да се постигне, истакна првиот регулатор за денешниот постигнат договор меѓу АД ЕСМ и Адора инженеринг.

Според него, сега е момент кога сите треба рационално да се однесуваме и да штедиме енергија.

-Оваа е најтешка година после Втората светска војна. Не треба постојано да се бара некоја ексклузивност, горивото ќе се обезбеди. Сите треба рационално да се однесуваме кон потрошувачката на гориво. Сите земји го прават тоа, рече Бислимовски во емисијата „Аргумент плус“.

Слични содржини