Бислимовски: Струјата поскапе за 9,48, а не за 15% како што тврди опозицијата

од Nikola Popovski

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски денес уште еднаш потврди дека струјата поскапе за 9,48%, обвинувајќи ја опозицијата дека шири невистини дека вистинското зголемување ќе биде 15%.

-Намерно се предизивикува стрес кај граѓаните. Од почетокот бевме отворени и презедовме чекори со цел струјата да не предизвика ценовен шок. Затоа повторувам дека цената на струјата ќе се зголеми за 9,48%. Секое домаќинство си има различна просечна цена на потрошувачка. Би ја замолил само опозцијата да се држи до факти. Бев обвинуван за изјави од 2017 година, а сум претседател на РКЕ од јуни 2018 година. Само барам да не кажуваат лаги и невистини, а друго е нивно и можат да си коментираат, рече Бислимовски во интервју за ТВ Сител.

Во однос на евтината тарифа на струјата во периодот од 14 до 16 часот, Бислимовски додава дека не било одржливо и понатаму да ја имаме.

-Со ова, единствена земја во Европа која има евтина тарифа на струја во текот на денот е БиХ и тоа не е низ цела нејзина територија, потенцира Бислимовски.

Слични содржини