Бислимовски за БЕГ: Со сила убавина не бидува

од Nikola Popovski

РКЕ пред помалку од месец дена започна постапка за одземање на лиценцата на БЕГ. Со сила убавина не бидува. Сите знаеме какви проблеми имавме во зимскиот период. Во изминатиот период, во комуникација бевме со трите компании на БЕГ и веќе од таму се свесни дека имаат сериозни проблеми во обезбедувањето на природен гас. Се разбравме со компаниите џентлемнски, дека ќе поднесат барање за престанок на нивните лиценци, со цел да нема оштетена страна во спорот. Ако не завршеше спогодбено, ќе завршеше поостро. Очекувам да нема проблеми, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Според него, во рамките на џентлемнскиот договор со БЕГ, сите проблеми се разрешени спогодбено.

-Проблемот ќе биде надминат. РКЕ ќе ја информира владата, а таа ќе распише тендер за нов производител на топлинска енергија. Битно е да се јават компании. Во околните главни градови, Белград, Софија, Загреб, овие дејности ги вршат компании во државна сопственот или претрпијатија формирани од локалните самоуправи. Во време на криза, многу поедноставно ќе биде државни институции да ја вршат работата, рече Бислимовски во Дневникот на ТВ Сител.

Бислимовски додаде затоплувањето за скопјани со топлинска енергија нема да се стави во ризик.

Слични содржини