Битиќи: СДСМ ветува и сработува за сите наши граѓани

од Nikola Popovski

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска се обрати на трибината, дел од караванот „Силно и одлучно“ која се одржа во Ранковце. На почетокот на трибината потпретседателот Битиќи зборуваше за отпочнувањето на градбата на источниот дел од железницата на Коридор 8.

„Денеска доаѓам од настан со кој одбележавме почеток на градба на железницата на Коридор 8. Поточно источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Неодамна започна нашето поврзување со Европската Унија и нејзините членки и институции со отпочнување на преговорите. А денеска одбележуваме инфраструктурно поврзување преку започнување со изградба на железничкиот Коридор 8. Проекти за кои се зборува години наназад, почнуваат да се реализираат. За ова СДСМ зборуваме денеска. За СДСМ кое ветува, работи и сработува за сите наши граѓани.“ – изјави Битиќи

Оваа инвестиција на Северна Македонија и отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија што е од исклучителна важност за нашата економија но и генерално за соработката на регионот во целина, а изградбата на оваа железничка ќе е посебно важна за источниот регион од земјава.

Потпретседателот Битиќи потсети и на важноста на подобрувањето на целокупната инфраструктура.

„Регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка е завршен. А последните неколку години се изградени или рехабилитирани неколку локални патишта. А се гради и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Ова се инфраструктурни проекти од над 60 милиони евра во овој регион.“ – истакна Битиќи.

Слични содржини