Битиќи: Со финансиска помош за компаниите во помалку развиените региони, го поттикнуваме рамномерниот регионален развој

од Vladimir Zorba

Преку финансиската помош за компаниите во помалку развиените планиски региони, го поттикнуваме рамномерниот регионален развој, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата за производство на душеци Алмеро во Гостивар.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека Алмеро е една од компаниите во портфолиото на инвестиции кои Владата ги поддржува преку законот за финансиска поддршка, и додаде дека се радува кога гледа на дело како таа поддршка дава конкретни резултати.

„Алмеро континуирано воведува ново ниво на квалитет и модерен дизајн на производи за спиење, душеци, кревети, над-душеци и перници, наменети генерално за извоз. Компанијата е извозно е ориентирана кон различни европски земји и Западен Балкан, а нејзините производи најчесто завршуваат во Словенија, Белгија, Хрватска, Швајцарија, Албанија, Косово и Србија”, изјави Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата упати честитки за работата на компанијата која покажува агилност и во време на кризи и инвестираа во подобрување на квалитетот но и на конкуретноста.

„И токму поради ова Владата ја поддржува преку договорот за Финансиска помош на инвестиции во делот на мерките за поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи, но и за поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот.

Алмеро е една од многуте компании кои ги поддржуваме а работи во помалку развиените планиски региони, каде минатата година повеќе од 70 проценти од поддржаните компании се надвор од најразвиениот Скопски регион, што е и наша цел, за поттикнување на рамномерниот регионален развој”, изјави Битиќи и додаде дека партнерската поддршка на Владата за ова компанија ќе продолжи и во иднина.

Сопственикот на компанијата Хакан Ризванче се заблагодари за посетата на вицепремиерот Битиќи, но и за финансиската поддршка која ја добиваат од Владата, преку која можат да ги надградат производствените капацитети.

Слични содржини