Битиќи: Стопанствениците не се оштетени со замрзнатите цени, има гарантирана маржа на добивка

од Nikola Popovski

„Во бизнисот основните правила на пазарната економија детерминираат како се однесуваш, но мора да има морал и етика, што веројатно ни е чудно да зборуваме за тоа во нашето општество. Бидејќи не се намалија цените на производите со субвенционираната цена на електрична енергија, мораше да преземем мерки за замрзнување на цените на производите“ рече вицепремиерот Фатмир Битиќи во „Македонија наутро“ на МТВ.

Тој додаде дека договорот при субвенционирањето на цената на струјата бил стопанствениците да ги намалат цените на производите, со оглед на тоа што се намалуваат и цените на суровините на берзите.

„Бидејќи тоа не се случи почнавме да идентификуваме кои производи се најбарани. Се водевме од побарувачката на производите кои најмногу се трошат и правевме анализи како да постигнеме цена која е прифатлива за сите. Стопанствениците не се оштетени со ниту една замрзната цена“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека стопаствениците можеби не ја остваруват очекуваната добивка која си ја зацртале, но во замрзнатите цени има профит, односно гарантирана маржа на добивка.

„Ако цената на лебот е 33 денари, во таа цена има три денари маржа на добивка. Не е дека лебот се продава под цената на чинење и им нанесуваме штета“ рече Битиќи.

Слични содржини