Битиќи уверува дека ќе имаме доволно електрична енергија до крајот на годината

од Nikola Popovski

Нема да имаме поголем проблем со електричната енерија. Се прават сите подготовки за во декември да почнеме со сите производствени капацитети. Тоа што е привремен увоз се прави затоа што во домаќинско управување со енергетската криза, морате да следите што се случува на пазарот. Ако на пазарот имате електрична енергија која што берзанска цена е помала од производствената цена, сулудо е да произведувате со повисока цена, рече утрово вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој уверува дека ќе имаме доволно електрична енергија до крајот на годината.

-Секојдневното работење не треба да ги засега сите затоа што на крајот од денот, енергетскиот биланс ќе биде тој што го кажавме. Од јануари ќе гледаме понатаму како ќе продолжиме. Се што сме ветиле, сме го испорачале, порача Битиќи.

 

Слични содржини