Битиќи: Денес со две минимални плати можете да купувате повеќе продукти од пред 5 години

од Берта Китинска

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека не се доволни две минимални плати за да се покрие целата потрошувачка кошничка.

На прашање дали се согласува со изјавата на премиерот Ковачевски дека две минимални плати се доволни за да се покрие целата потрошувачка кошничка, Битиќи одговори:

„Не, не е доволно, но сепак треба да знаете дека пред пет години беа потребни 4 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка, а денес со две минимални плати можете да купувате повеќе продукти од пред 5 години“, кажа Битиќи во „Клик плус“.

Слични содржини