Битиќи: Граѓаните не треба да се грижат за растот на цените бидејќи државата е тука да креира мерки

од Берта Китинска

Мислам дека изјавата дека граѓаните не треба да се грижат за растот на цените беше дадена во друг контекст извадена парцијално. Јас тогаш споменав и за нивото на инфлација, растот на платите и низа други мерки кои владата ги има предвид да ги спроведе во наредниот период. Имајќи го сето тоа предвид изјавив дека граѓаните не треба да се грижат за растот на цените бидејќи државата е тука да креира мерки за да помогне, вели Фатмир Битиќи во Утрински Брифинг.

-Периодот на ковид и економската криза за разлика од други земји многу подобро ја поминавме, со оглед дека ваква криза од вакви размери не сме виделе и секако дека има и последици, вели Битиќи.

Тој додава дека е точно оти очекувањата на сите нас се поголеми дека стапката на животниот раст побрзо ќе се движи.

-Но, последните податоци се фантастични, ние во моментов немаме потреба од задолжувања, вели  Битиќи.

Слични содржини