Битиќи: Инфлација од 10 до 11% е добра и разумна стапка за нашата економија

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вечерва порача дека во период на криза кога многу малку можеш да влијаеш, влегувањето во рецесија не е најстрашното нешто што може да се случи.

-Сме се справувале со многу полоши работи, ќе се справиме и со излегувањето од рецесија. Сме покажале дека економијата е доволна флексибилна за да се справи со сето тоа, ако има добар партнер во Владата, што го покажавме. Јас стравувам дали во моментов одлуките кои што различни чинители ги носат, даваат одреден ефект. Сакаме да го намалиме притисокот од зголемување на инфлацијата од ниво кое што ќе биде неиздржливо. Ние ако се одржиме на проекциите од 10 до 11 отсто инфлација во еден од најтешките години со низи на кризи, сметам дека е добра стапка и разумна за нашата економија, за да може да се покрене во наредниот период. Неразумно е се што е над 20%, рече Битиќи во емисијата „Вин-вин“.

Слични содржини