Битиќи: Изградивме канализациски систем долг 10 км во општина Арачиново

од Nikola Popovski

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи учествуваше на маалска средба со граѓаните од општина Арачиново, заедно со градоначалничката на општина Арачиново Миликие Халими и претседателот на ОО СДСМ Арачиново Агрон Халими.

Тој се осврнал на проектите на централната власт кои реално го унапредуваат животниот стандард на граѓаните.

„Денес зборуваме за континуиран раст на минималната и просечна плата, постојано инвестираме во подобрување на патната инфраструктурата, во капитални проекти кои се реални и видливи. Токму поради тоа ние зборуваме за најдоброто, за она што го креираме заедно со граѓаните“, рекол Битиќи.

Во однос на вложувањата за Арачиново, потпретседателот Битиќи посочи дека после подолг период локалната власт, заедно со Владата го изградија канализациониот систем долг 10 км, кој што ги поврзува околните села Орланци, Мојанци и Грушино, токму затоа секогаш го нудиме најдоброто за секоја општина, затоа што вложуваме во реални, видливи прокети.

Слични содржини