Битиќи: Маврово и Ростуше има градоначалник кој работи за сите граѓани подеднакво

од Берта Китинска

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска се сретна со жителите на Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.

Со Медат Куртовски, Скудриње доби нова градинка, уредени улици, извршена е и санација на водоводната линија за Скудриње на доводната цевка која поминува низ река Радика во вредност вредност од 1.418.983 денари.

“Имате вреден и чесен градоначалник. Заеднички ќе продолжиме да инвестираме во овој крај. Медат покажа дека работи за сите еднакво, без разлика на која националност, вера или политичка партија и припаѓаат”, рече Битиќи.

Скудриње наскоро ќе добие нов паркинг простор, со што ќе се реши еден од поголемите проблеми на луѓето коиживеат тука, но и жителите кои работат во западноевропските земји, а голем дел од годината го поминуваат тука.

Граѓаните на Маврово и Ростуше ја препознаваат разликата. На 20 август, обединети и со силна поддршка, повторно довербата ќе му ја дадат на Медат Куртовски.

Слични содржини