Битиќи на Економски форум насловен како „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид 19?“

„Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид 19?“ е тема на денешниот закажан Економски форум во организација на институтот за економски истражувања и политики, „Finance think“, а на кој ќе присуствува и вицепремиерот во Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На овој настан ќе биде презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија“, изработена од страна на „Фајнанс Тинк“ во рамките на проектот „Остварување на потенцијалот на извозно ориентирани компании да придонесат за закрепнување по Ковид-19“, финансиски поддржан од Владата на Велика Британија и британската Амбасада во Скопје.

Слични содржини