Битиќи: На вистинскиот пат сме да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи

од Nikola Popovski

„Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија. Новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии. Ние сме на вистинскиот пат да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи“, потенцира заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во колумната за порталот Фактор.

Вицепремиерот во својата колумна информира дека како дополнителна поддршка за домашната економија, пред околу 6 месеци е формиран Националниот старт-ап совет, чија цел е размена на идеи, за да се креираат политики и да се создаде клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи.

Во моментов проектите на домашните старт-апи се ко-финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој до 70% од вкупната вредност на проектот, што значи дека за овие копании се обезбедува навистина силна финансиска поддршка од државата, односно од буџетот.

Слични содржини