Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи најави нови две големи странски инвестиции во индустриската зона „Жабени“ Битола.

– Ние деновиве преговараме за отворање на дополнителни нови 1.250 работни места во Битола и сме пред потпишување на Договор за инвестиција со веќе постоечка фабрика, но под услов дека ќе добијат поддршка од државата само ако минималната плата што ќе ја дадат биде 22.500 денари. Во преговори сме и за втора инвестиција, американска компанија, која ќе отвори 350 нови работни места. Или вкупно во двете странски компании ќе бидат вработени вкупно 1.600 работници – истакна Битиќи во Битола за време на трибината на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“, рече Битиќи.

Тој  истакна дека сите активности за реализација на овие две странски инвестиции ќе бидат усогласени до крајот на годината.