Битиќи: Не го срушивме туку го реставриравме Офицерскиот дом во Битола

од desk4

„Офицерскиот дом во Битола е еден од најзначајните културно-историски објекти во Битола кој е во централното градско подрачје, а кој долги години беше запуштен и даваше лоша слика за целата околина. Се заложивме за негова реставрација, а не рушење и градење на нов објект“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при увидот на објектот.

Тој порача дека денес сите можеме да се убедиме во неговата убавина и импозатност бидејќи целосно е еставриран според сите негови историски специфики. Според градоначалничката на Битола Наташа Петровска Офицерски дом е со вратен сјај каков што му доликува, подготвен за низа настани кои ќе сведочат за пулсот на Битола.

-Во овој дом ќе се случуваат културни настани, музејски поставки, презентации на достигнувања, дебати, венчални церемонии, промоции и се̍ она што претставува наше битисување. Не беше лесно, ни едноставно од она време кога јасно кажавме ‘не’ за негова продажба. Подготвувањето на комплетната документација и апликација од страна на Општината, пред да дојдам јас како градоначалничка беше одбиена. Следуваа измени на истата и нов процес на аплицирање, а на тоа се надврза имплементацијата“, рече Петровска.

Набавен е и оригинален лустер сличен на балскиот, кој пред неколку години кога објектот беше оставен без грижа падна и се уништи, поставени се и десетици светлечки тела од кристал со 200 светилки кои ја осветлуваат внатрешноста на објектот. Долната сала е поплочена со мермер, обновени се витражите на прозорците и вратите, поставен е автентичен паркет изработен како стариот со техника на интарзија во концертната сала и друго.

Објектот е во надлежност на новооснованата јавна установа Културно-информативен центар, под која е и Киното „Манаки“.

Слични содржини