Битиќи очекува 2022 да биде година на опоравување на економијата

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека 2022 ќе биде година на опоравување на македонската економија, доколку другите фактори ни се негативни.

-Ако енергетската криза според предвиденото, би требало да спласне. Не да се врати во нормала, како што била пред јуни 2021 година, туку барем да се спушти на некои нормални тонови, ако здравствената криза спласне во вториот квартал од 2022 и ако немаме нова „цреша на тортата“, како што се предвремени избори, вели Битиќи во емисијата „24 анализа“.

Тој додава дека „никако не можеме да избегаме од тоа дека некогаш треба да си оставиме одредени политички препукувања и испитување на моќта, да ја оставиме редовно да си доаѓа на избори“.

Слични содржини