Битиќи очекува Мицкоски и неговиот тим да дојдат на Економскиот совет во среда

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи очекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се појави на Економскиот совет, кој во среда ќе одржи состанок во проширен состав.

-Не се носат одлуки, туку се расправаат решенија и се даваат совети на Владата, која понатаму ги носи соодветно одлуките. Не го очекувам само присуството на Мицкоски, туку и на неговиот тим од политичката партија, кои се добредојдени за да ги кажат видувањата. Целата дискусија се сведува дали ќе најдеме енергенси, па од кои извори… Справувањето со кризата е повеќедимензионална и таму е местото за дебата, рече Битиќи.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ го променува курсот.

-Сите работиме за иста цел, а тоа се граѓаните. Разговорите не треба да бидат во тесен круг, истакна Битиќи во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини