Битиќи: Одговорноста да се побара во управата на ЈСП, а потоа и во градот Скопје

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи жали за состојбите во ЈСП Скопје и како што вели, неможноста да одговори градот Скопје на уште една јавна услуга која е обврзана спрема законот за јавни услуги т.е. за локална самоуправа да испорача како град кон своите граѓани.

-Уште првиот ден Владата кажа дека не е вистина дека должи и дека сите обврски кон ЈСП се направени преку блок дотациите. Тие средства се префрлени. Тоа што некој може да толкува одредени законски решенија, без при тоа да ја праша Владата дали може да смета на приходи… Тоа не се обврски, ниту долгови. Затоа мислам овде е нужно единиците на локална самоуправа да седнат и да видат зошто проблемот е настанат. Сметам дека одговорноста треба првично да се побара во управата на претпријатието, а потоа и во градот Скопје, рече Битиќи во емисијата „Клик плус“.

Околу предупредувачкиот штрајк во Македонски пошти, Битиќи вели дека решението е целосно реконстурирање на бизнис моделот.

-Тоа ни се случува редовно. Сите јавни претпријатија скоро, кој што треба да испорачаат услуги кон граѓаните, во неможност подолг временски период да испорачаат соодветни услуги ќе имаат и ќе имаат намалени приходи. Ние со Македонски пошти веќе подолг период се обидуваме да направиме реконструирање на работењето, вели Битиќи.

Слични содржини