Битиќи: Ова ќе биде тешка зима, но ќе минеме низ овој предизвик

од Берта Китинска

Владата вчера само ги слушна предлозите на експертите и барањата на бизнисот како полесно да се преброди кризниот период.Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи напоменуда дека никој нема да биде изоставен.

-Вчера се одржа Економски совет во широк состав со коморите, синдикатите, експерти, претставници на стопанството и граѓанскиот сектор.Секој ден е важен и секој ден се работи на решенија. Секој е важен и никој нема да биде оставен сам. Ова ќе биде тешка зима но ќе минеме низ овој предизвик.Апелирам до сите вас разумно да трошиме електрична енергија и да штедиме, напиша Битиќи на својот Фејсбук профил.

Слични содржини