Битиќи: Парите на граѓаните денеска не ги трошиме на барок, на споменици и палми

од Берта Китинска

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во рамки на караванот “Најдоброто за нашата општина” го посети Гостивар каде што заедно со жителите на централното градско подрачје одржаа конструктивна маалска средба. Низ отворена дебата со присутните гостиварчани потпретседателот најпрво продискутира за досегашните активности и реализација на СДСМ опфаќајќи ги проектите од локално и централно ниво.

“Во изминатите четири години СДСМ направи многу, постави високи стандарди на одговорно, чесно и транспарентно водење како на централните институции така и на општините. Ги трансформиравме работите на подобро. Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии, парите на граѓаните денеска не ги трошиме на барок, на споменици и палми, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. За само 4 години бележиме раст на минималната и просечната плата за повеќе од 6.000 денари. Платите растат и во здравството, во образованието, во детската и социјалната заштита, во одбрана и полиција. Како Влада обезбедивме над 700 милиони евра поддршка и помош на стопанството кое се соочи со предизвиците што ги донесе коронакризата.”- заклучи Битиќи.

Слични содржини