Битиќи: Пратениците да си ја работат работата и да го донесат петтиот пакет економски мерки

Економските мерки предвидени со петтиот пакет за Ковид 19, е донесен во име на граѓаните, и во таа насока пратениците за носење на овој пакет е да си ја работат работата како и сите дурги во државата,  истакна денес вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„За жал, Законот за финансиска поддршка на плати е предаден во Собрание на 16 февруари и се уште не е закажана пленарната седница за да може да ги помине комиските расправи. Вчера побарав да го прават тоа што би го правеле за своите деца за да не останат некои други деца без храна зашто некој не го прави тоа за што е платен и за тоа што е избран“, истакна Битиќи.

Исто така, вели и дека не може како порано да се носат уредби за потребните законски измени, со цел да станат оперативни мерки и ќе мора час поскоро тоа да го направи Собранието.

Меѓудругото, Битиќи вели намерно рокот за аплицирање за февруари го ставиле до крајот на март за да можат мерките од петтиот пакет да го опфатат и февруари. Најави дека постои можност преку пратениците од владејачкото мнозинство да се поднесат и соодветни амандмани за да се овозможи тоа доколку доцни донесувањето на законското решение.

Слични содржини