Битиќи: Растот на приходот на ДДВ не е поголем од 2019, но тенденцијата е нагоре

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за емисијата „Топ тема“ изјави дека барале подобар пакет на мерки, кој што во овој момент најдобро ќе одговори на потребите на стопанството.

„Тоа сепак морам да признаам дека се уште е погодено од кризата, особено од неизвеноста на тоа како понатаму ќе се движат светските економии и тоа како ќе се движи пандемијата“, вели Битиќи.

Тој потенцира дека ги следат бројките на приходот на ДДВ и на други даночни стапки.

„Не велиме дека растот е поголем од 2019 година, но тенденцијата е нагоре. Со стопанските комори до последен миг преговаравме дали да се откажеме или да останеме во мерката финансиска поддршка на плати. На крај рековме дека тоа е потребно во овој момент, но дека во подоцнежна фаза ќе се напушти тој модел“, рече Битиќи.

Слични содржини