Битиќи: С. Македонија е атрактивна за инвестиции кои ќе донесат просперитетна иднина за нашата земја и регионот

од Nikola Popovski

Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на настанот на првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора.

На настанот, покрај вицепремиерот Битиќи, се обратија и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата зема Кејт Мари Брнз, и Дејвид Бургер, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Република Грција.

-Оваа Влада гледа на бизнис секторот и на инвеститорите во нашата земја како на партнери. Градиме силни и искрени односи и тоа носи резултати.

Владата на Република Северна Македонија ги има сите свои намери насочени кон интеграција и градење партнерства. Ние сме официјална членка на НАТО и посветени сме на нашата интеграција во Европската Унија.

Додека работиме на остварување на оваа цел, ние постојано ги подобруваме нашите домашни регулативи и политики за да бидеме подготвени и да ги исполнуваме европските стандарди  за да овозможиме добра деловна клима во нашата земја додека работиме на зајакнување на нашата домашна економија, така што кога ќе се отворат вратите на ЕУ, нашата економија ќе бидат подготвена, изјави Битиќи.

Првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора собра повеќе од 30 компании и од двете земји кои имаа пред кои беа презентирани можностите за соработка и проширување на нивните потенцијали за развој врз основа на погодностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, преку различните програми за државна помош и преку Законот за стратешки инвестиции.

Слични содржини