Битиќи: Се уште плаќаме најевтина струја и нафтени деривати во споредба со други европски земји

од Nikola Popovski

„На глобално ниво еден од клучните предизвици во 2020 и 2021 година е справувањето со пандемијата и економските последици. Една од цените што сите ќе ја платат дека поскапуваат сите ресурси и тоа не е поради национални влади“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за емисијата „24 анализа“.

Според него, вториот момент е ние како ќе се справиме со помали последици.

„Дали ќе се носат одлуки со помали негативни импликации кон сите. Неминовно е одредено поскапување во одредени сегменти. Кај нас минатата година, имавме 40 проценти пониски цени. Се уште плаќаме евтини ресурси во споредба со другите земји. Струјата и нафтените деривати се меѓу најевтините кај нас“, рече Битиќи.

Слични содржини