Битиќи: Сесрдна поддршка за Славјанка

од Берта Китинска

Фотографијата подолу долго се мислев дали да ја споделам… но, очигледно е дека се уште ни се потребни примери што НЕ СМЕЕ да биде дел од јавна дискусија. Сесрдна поддршка за мојата колешка Славјанка, не затоа што и е потребна, туку за тоа што со нејзината професионалност, човечност, посветеност и работа ја заслужува. Тоа е меритот по кој се мериме!, стои во објавата на вицепремиерто Фатмир Битиќи.

-Коментарите подолу се огледало за оние кои ги напишале. Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење, пишува Битиќи.

Санела Шкриељ, Сања Лукаревска, Радмила Шекеринска, Мила Царовска…се дел од дамите од политичката фела кои застанаа зад Славјанка Петровска

Слични содржини