Битиќи: Со РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и штедење очекувано е да има доволно струја

од Nikola Popovski

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека со работењето на сите енергетски капацитети во државата, како што се РЕК Битола и ТЕЦ Неготино и со мерките за штедење во јавниот сектор, но и кај домаќинствата, очекувано е да има доволно струја.

-Во РЕК Битола работат двата блока, а од ноември очекуваме и третиот блок да стартува. И согласно сите мерки за штедење во јавниот сектор, но и кај домаќинствата, очекувано е да имаме доволно струја. Ние отсекогаш сме знаеле дека сме зависни од увоз на струја, но при тоа никогаш не се инвестирало во нови капацитети, рече Битиќи.

Тој нагласи дека успех е дека по низа години Бугарија ослободи дел од капацитетите на гасоводот за транспорт на гас до нашата држава.

-Приоритет на Владата е да ги задржи работните места, а за тоа мора да покажеме солидарност, се надевам дека ќе бидеме во можност, дека фискалниот простор во оваа година ќе биде доволен за да одговориме соодветно со таков пакет, го преговараме и разговараме секојдневно со компаниите и тоа нема да биде мерка само за еден месец туку неколку месеци колку што може да биде, вели Битиќи.

Слични содржини