Битиќи: Цената на струјата изнесува околу 400 евра за мегават час, пред седум дена беше 1000

од Nikola Popovski

„Со енергетската и економската криза различно се справуваат различни земји, а државите кои не се дел од големите сојузи потешко доаѓаат до финансиски средства од земјите-членки на Унијата“, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој додаде дека пред седум дена имало пик на цената на електрична енергија од 1000 евра за мегават час, додека денес тоа е околу 400 евра.

Битиќи истакна дека владата обезбедила гарантирана цена на струјата за 70.000 субјекти од приватниот сектор во регулираниот пазар, 100 проценти обезбедена од домашно производство.

Владините препораки за штедење, според него, не се заради ослободување на капацитетите, туку да се заштеди електрична енергија која потоа би бил дадена на стопанството.

„Досега сме потрошиле 240 милиони евра за субвенционираната цена на електрична енергија за сите на регулираниот пазар“ кажа вицепремиерот во емисијата „Вин-вин“ и додаде дека Владата потпишува рамковни договори со други земји за набавка за суровини за производство на електрична енергија.

Слични содржини