Битиќи: Тужби ќе добијат сите компании кои не ги исплатија средствата на вработените

од Берта Китинска

За  сите компании кои не ги исплатија средства на вработените откако земаа владина помош е покрената тужба, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „ЕУКлик“ на ТВ21.

„Деновиве добив интересно прашање, ме прашаа – ќе им помогнете ли на компаниите кои не им ги исплатија платите на работниците? Против сите компании кои не ги исплатија финансиските средства што ги земаа од државата е покрената тужба“, истакна Битиќи.

Воедно во своето гостување истакна деказа 6-8 години ќе станеме земја членка на Европската унија.

„Не со сонот, јас сметам дека тоа е наша мисија и во блиска иднина, велам за максимално за 6-8 години ќе бидеме дел од ЕУ“, посочи Битиќи.

Слични содржини