Битиќи: Верувам во нашата Влада, продолжуваме напред како и досега

од Nikola Popovski

Верувам во нашата Влада и нашите намери, посветеност и потенцијал. На крајот на денешниот ден, сакам да ви кажам, дека веќе од утре продолжуваме напред како и досега, во креирањето на позитивни општествени промени, економски раст, развој на едно општество за сите и безбедна, просперитетна и самоуверена држава која ќе ја оставиме на нашите деца, објави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, откако пропадна обидот на опозицијата за интерпелација на Владата.

Тој најави дека „во следниот период со јасна визија и одлучност, продолжуваат да го одат патот кој го започнавме и од кој не треба и нема да се откажеме“.

-Во декември имаме клучен прозорец во однос на политиката за интеграција на нашата земја во ЕУ, и затоа повеќе од секогаш е потребно нашето лидерство кое и досега го демонстриравме. Ова ќе ги поврзе сите тешки одлуки и заложби кои ги направивме во минатото, но за кои и тогаш знаевме дека се прават за светла иднина и перспектива на долг рок.

Нашата земја под водство на СДСМ го надмина деценискиот проблем со Грција и овозможи да влеземе во НАТО. Покажавме силни капацитети за надминување на споровите и со другите соседи, преземајќи лидерски чекори за стабилизација и просперитет на целиот регион на Западен Балкан, стои во Фејсбук објавата на Битиќи.

Слични содржини