Битиќи: Владата ќе го најде најдоброто решение за етничкото вработување

од Vladimir Zorba

Не треба да има двоумење дека Владата ќе го најде најдоброто можно решение, а и премиерот имаше јасен став за етничкото вработување дека остануваме отворени кон секое едно прашање, секое прашање заслужува одговор, но заедничко решение ќе најдеме на масата во Владата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Да почекаме на исходот и да вимиме што се идеите на сите страни и на крај да ги прашаме стопанските комори, синдикатите и самите граѓани што мислат околку тоа прашање и да видиме кое е решението. Затоа мислам дека не би требало воопшто да има двоумење дека Владата ќе го најде
најдоброто можно решение за граѓаните без разлика каде и какви се. За нас сите граѓани се еднакви и како такви заслужуваат да добијат одговор за било кое прашање или проблем за кој сметаат дека придонесува за да имаат подобар квалитет на живот, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за државна помош со компанијата „ВИК Македонија“.

loading...

Слични содржини