Битиќи од Париз: Создаваме добри економски политики што може да ни помогнат во градењето атрактивна деловна средина

од Vladimir Zorba

Создаваме стабилна економска средина, добри економски политики што може да ни помогнат во градењето атрактивна и предвидлива деловна средина. Како што ги гледам јас работите, целта не е да се заклучат младите луѓе во државата, туку да се создадат можности за нив што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време, ќе ги направи доволно конкурентни за светот, изјави денеска во Париз, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно, во организација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Миграцијата е вообичаена и во земјите-членки на ЕУ, но таму луѓето се селат за работа од една во друга земја и тоа е она кон што мислам дека треба да се стремиме, двонасочна миграција наместо билет во еден правец, што всушност е ситуацијата со Западен Балкан, вели тој.

„Затоа целосно ги поддржувам сите иницијативи што ја зголемуваат Регионалната соработка со цел да се зголеми конкурентноста на човековиот капитал и економиите, без разлика дали зборуваме за Акцискиот план за заеднички регионален пазар 2021-24 или за иницијативата Отворен Балкан или за ЦЕФТА или некоја друга иницијатива во шесторката од Западен Балкан“, истакна Битиќи.

Тогаш, зошто сé уште сите заедно не успеваме да ги задржиме нашите луѓе во нашите држави и во регионот, прашува тој.

„Она што мора да го направиме е да не ги избегнуваме нашите проблеми, туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено за нив, но најважно е во дијалогот да ги вклучиме оние што се најпогодени. Тоа е она што оваа нова генерација го бара од нас! Импресиониран сум од нивната сила, чесност и храброст да кажат на глас сé што веќе не им користи или со што не се задоволни, но уште повеќе, да кажат што е она што го сакаат“, посочи Битиќи.

Слични содржини