Битиќи за Зекири: Јас верувам во владеење на правот и тоа не може да биде половично

од Берта Китинска

Јас верувам во владеење на правот и тоа не може да биде половично, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во врска со притворот за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор.

– Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека ова така треба да биде независно кој каде седи, ако згрешил дека ќе одговара. Чувството е не е добор, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега, рече Битиќ во „Утрински брифинг“.

Зекири е во притвор од петокот вечерта, кога судијата на претходна постапка го прифати барањето на обвинителката Катерина Коларевиќ, која пак смета дека се исполнети три причини за определување на притвор – можност за бегство, влијаење врз сведоци и уништување на докази.обвинителството за организиран криминал ги терети доскорешниот владин генерален секретар и уште две лица од република Хрватска за договор за консултантски услуги, кој бил скучен во четири очи, а за кој од државниот буџет биле излеани речиси 940 илјади евра.

Консултантските услуги, кои требале да чинат 145 илјади евра помалку, се однесувале за приватизација на македонски пошти.

Слични содржини