Битиќи: Заедно со нашите социјални партнери преку дијалог, ќе продолжиме да креираме системски решенија

од Берта Китинска

Нашиот највреден ресурс е човечкиот. Нема повредно и поважно што треба да се заштити од човечкиот капитал затоа ја поддржувам и ја продолжуваме борбата за работничките права, напиша вицепремиерто за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Оваа недела ќе ги продолжиме преговорите за Општиот колективен договор како и за усогласувањето на платите со минималната плата, кое ќе се случи. Но да продолжиме да зборуваме и за унапредување на правата и заштитата на здравјето на работното место. Да зборуваме гласно и да се бориме за еднакви можности за сите и еднакви шанси за жените и мажите. Заедно со нашите социјални партнери преку дијалог, како и досега, ќе продолжиме да креираме системски решенија кој ќе не носат кон развој!, порача Битиќи.

Слични содржини