Битиќи: Дневната евтина тарифа на струјата се враќа најверојатно од први јули

од Nikola Popovski

Дефинирањето на цената на електричната енергија се прави од РКЕ, водејќи се од неколку параметри, појаснува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во утринската програма на Телма телевизија, одговарајќи на прашањето дали може да се очекува враќање на дневната тарифа на струјата.

-Еден од параметрите е цената која што ЕСМ може да ја постигне при нудењето на универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум. Досега таа е цената која ја нудеше државата, субвенционирана за 80%. И оваа година и во 2023 година ние во буџетот имаме испланирано околу 250 милиони евра за поддршка на енергетската криза што опфаќа и поддршка на ЕСМ за да се финализира финалната цена за крајните потрошувачи. Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа, најверојатно ќе биде вратена од 1 јули. Тоа што се обидуваме и го покажавме кога беше многу потешко е да граѓаните најмалку го почувствуваат и тие кои ги нарекуваме во категоријата на најмалите потрошувачи, 97,8% од домаќинствата да бидат заштитени и малите потрошувачи во стопанството, кажа Битиќи.

Слични содржини