Битиќи: Ни треба разум во политиката, не компромиси што ќе ги плаќаат нашите деца

од Љубиша Владимиров
74 прегледи

Во емисијата „Само интервју“, поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи зборуваше за клучните економски и политички прашања, повикувајќи на разум, дијалог и транспарентност. „Во СДСМ влегов како еднаков меѓу еднаквите. Демократијата значи критичка мисла, не слепо следење,“ рече Битиќи, додавајќи дека секогаш имал аргументи за своите одлуки.

Тој изрази несогласување со партизацијата на институциите, особено во врска со назначувањето на новиот гувернер. „Го ценам професорот Славески, но Народната банка не смее да стане партиска алатка“, порача Битиќи и предупреди и за економските политики на Владата. „Зошто земаме неевропски средства? Разликата е дали ќе ги задолжиме нашите деца или ќе добиеме неповратни пари“, рече тој, посочувајќи дека стратешките партнерства не смеат да станат долгорочен товар.

Откри дека оставил извештај за преговорите со лондонска компанија за мали нуклеарки и апелира за транспарентност. Во однос на економската состојба, потенцира дека инфлацијата оди по инерција, а Владата нема сериозни мерки за зауздување на цените. „Инфраструктурата ни е потребна, но мора да внимававме – договорите влада со влада често го заобиколуваат законот за јавни набавки“, вели Битиќи, додавајќи дека е време за рационална политика.

На крај, испрати порака: „Да седнеме и искрено да разговараме. Сите сакаме државата да оди напред – да ја внесеме во ЕУ, но со визија и одговорност“.

Слични содржини