Битиќи уверува дека се обезбедени 80 пратеници за уставните измени

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи е дециден дека се обезбедени потребните 80 пратеници односно двотретинско мнозинство за промена на Уставот и внесување на бугарското малцинство во Премабулата.

Според него, сигурни се гласовите и од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

-Велиме дека имаме 2/3 и тоа многу брзо ќе се дознае штом работната група за уставни измени ќе го донесе предлогот за уставни измени до Владата. Ние како Влада потоа ќе го испратиме во Парламентот за да ги почне уставните измени и убедени сме дека имаме 2/3, односно 80 пратеници, изјавил синоќа Битиќи во емисијата „200“ на Тв Алсат.

Слични содржини