БИТКАТА ЗА ЛОНДОН ИМ ПРИПАДНА НА СИНИТЕ: Одлична игра на Лукаку

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Челзи го совладаа Арсенал на гости со 2: 0 во дерби натпреварот од второто коло во Премиер лигата.

„Супер тимот“ на Челзи ги запали моторите. Во големото дерби на Лондон, веќе во второто коло од новата сезона, „сините“ победија на гостувањето кај Арсенал, без многу мака.

Ромелу Лукаку го предводеше нападот на Челзи, за првпат откако дојде (се врати) на Стемфорд Бриџ, а присуството на еден од најдобрите напаѓачи во Европа веднаш се почувствува.

Се играше во 15. минута, кога Рис Џејмс го проигра Белгиецот, кој рутински ја смести топката во мрежата.

Џејмс ја круниса одличната игра со гол во 35. минута и, како што се испостави, тоа беше и конечниот резултат.

Лукаку имаше одлична можност во 77. минута, кога упати одличен удар со глава, но Лено мајсторски интервенираше со една од најдобрите одбрани во сезоната, ја зачува мрежата и ја крена топката над гредата.

Челзи забележа две победи во првите две кола, додека Арсенал ја отвори сезоната со порази, без ниту еден постигнат гол.

Слични содржини