Биткоин се тргува за 53.000 долари, капитализацијата падна под трилион долари

од Stefanija Kuzmanovska

Цената на биткоинот продолжува да паѓа, па во моментов се тргува со најпопуларната криптовалута по цена од околу 52.900 американски долари. Ова значи дека биткоинот изгубил повеќе од 6 проценти од својата вредност во изминатите 24 часа.

Разликата е уште поголема во споредба со минатиот викенд, кога биткоинот во еден момент ја надмина границата од 60.000 долари и се приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.

Во текот на изминатиот ден, цената на криптовалутата се движеше помеѓу 52.000 и 57.000 зелени банкноти.

Падот на вредноста дојде по скокот предизвикан од објавата на Елон Маск дека граѓаните на САД, а наскоро и во други земји, сега ќе можат да купуваат автомобили на Тесла со биткоин.

Најновиот пад на криптовалутите ја намали пазарната капитализација на биткоинот на нешто помалку од трилион (1.000 милијарди) долари.

Слични содржини