Биткоин утринава: Растот сопре на 45,000 долари

од Stefanija Kuzmanovska

Биткоин утринава: Растот сопре на 45,000 долари

Откако влезе во навидум тешко запирачкиот тренд на раст кон крајот на јули, биткоинот утрово запиша пад од 2,2 проценти во последните 24 часа. Во моментов, најпознатата криптовалута во светот се тргува по цена од 45,126.22 долари.

Etereum, втората најпозната криптовалута во светот, во моментов вреди 3,114.85 долари, што е пад од 2,6 проценти.

Немаше пад на вредноста на остатокот од пазарот за дигитални производи. Кардано порасна за 3,1 проценти, Рипл за дури 13,6 проценти, Доџ за 3,2 проценти…

Слични содржини