Биткоинот достигна рекордно ниво од над 24.000 долари

од Nikola Popovski

Криптовата валута Биткоин достигна вредност од повеќе од 24.000 американски долари, што е највисока вредност на сите времиња како резултат на пораст од 1,31% вчера, според податоците на берзата.

Според веб-страницата „CoinMarketCap“, во просек на податоци од повеќе од 20 берзи, со Биткоин се тргувало за 24.204 долари во 20:45 по локално време според Гринич, со 1,9% зголемување на вредноста.

На „Binance Exchange“, најпопуларната криптовалута во светот доби 1,59 процентни поени во вредност, тргувајќи со 24,248 долари.

Биткоинот зафаќа приближно 65,6% од глобалниот пазар на криптовалути.

Слични содржини