Биткоинот може дополнително да се сруши

од Vladimir Zorba

Подобрувањето на макроекономските фактори, одредена шема на тргување и понатамошно раздвижување на компаниите и проектите – би можеле да бидат клучни предизвикувачи за понатамошно опаѓање на биткоинот и на поширокиот крипто пазар.

Биткоинот падна за повеќе од 70 отсто од рекордното ниво во ноември, а околу 2 трилиони долари се избришани од целиот пазар на криптовалути.

Во изминатите неколку недели, најпопуларната дигитална монета се тргуваше во тесен опсег помеѓу 19.000 и 22.000 долари, без големи знаци на нагорна линија. Биткоинот, пишува CNN, е под влијание на макроекономската ситуација на зголемена инфлација, која ги принуди Федералните резерви на САД и другите централни банки да ги зголемат каматните стапки.

Ова им наштети на ризичните средства како што се акциите. Криптовалутите, кои се донекаде во корелација со Волстрит, паднаа во тандем со акциите. Има и стравувања од рецесија.

– Мислам дека ако инфлацијата е под контрола, економијата е под контрола и нема навистина сериозна рецесија, тогаш пазарот ќе се стабилизира – изјави ЦК Женг во интервју за CNBC, кој е ко-основач на хеџ фондот ZX Squared, фокусирани на криптовалути.

Податоците за американската инфлација за јуни беа построги од очекуваното, продлабочувајќи ги стравувањата дека ФЕД ќе стане поагресивен во својата борба да го скроти растот на цените. Доколку има некакви индикации дека економијата и инфлацијата се „под контрола“, тоа би го забрзало падот на крипто-пазарот.

Во меѓувреме, истото би се случило доколку ФЕД беше „помек“, а американскиот долар беше на врвот на својата моќ.

Се споменува и шема која, всушност, подразбира „фаза на акумулација“, во која биткоинот го допира дното и останува таму во следните неколку месеци – додека повторно не тргне нагоре. Сепак, некои предвидуваат дека популарната монета би можела да падне на ниво помеѓу 13.000 и 15.000 долари.

Слични содржини