Биткоинот повторно паѓа откако Маск објави дека „тагува“

од Nikola Popovski

Биткоинот падна за 4 проценти откако сопственикот на Тесла, Елон Маск, напиша неколку твитови во кои се чинеше дека „тагува“ поради прекинот со криптовалутата.

Важната позиција на Тесла во светот на биткоинот и личниот ангажман на Маск честопати ги ставаа крипто-пазарите на работ, а цената падна откако тој објави „Биткоин“, емоџи со скршено срце и слика на пар кој разговара за раскинување. Беше нејасно што значеше (ако нешто вооопшто значи) било кој од твитовите.

Маск претходно изјави дека Тесла нема да го продава својот биткоин, но неговите твитови беа доволни да ги вознемири пазарите, кои се уште се кревки по падот во мај, пренесува „Кликс.ба“.

„Тој ја трола заедницата“, рече Боби Онг, ко-основач на веб-страницата за собирање крипто податоци и аналитика CoinGecko.

Неодамнешниот пад го турна биткоинот под својот просек од 20 дена на 37.710 долари.

Маск беше главен промотор на криптовалути, но тој го критикуваше биткоинот откако ја суспендираше одлуката Тесла да прифати биткоин како платежно средство, поради загриженоста за прекумерна употреба на електрична енергија.

Биткоин и неколку други крипто-валути сè уште се опоравуваат од несреќата минатиот месец по одлуката и вестите за дополнителен регулаторен надзор во Кина.

Биткоинот падна за повеќе од 40 проценти под рекордната вредност што ја имаше во април од 64.895,22 долари.

Втората валута по вредност, итриумот, не помина подобро, откако падна за околу 4 проценти на 2.750 долари, но сепак и понатаму се очекува дека втората последователна неделна добивка ќе биде поголема од 10 проценти.

Фото: GETTY IMAGES

Слични содржини