Биткоинот соборува рекорди: Цената достигна речиси 20.000 долари

од Nikola Popovski

Цената на Биткоин го сруши рекордот, достигнувајќи неверојатни 19.920,53 американски долари.

На криптовалутата ѝ требаа три години да го сруши претходниот рекорд, кој беше понизок за 137 долари.

Цената на Биткоин скокна повеќе од 170 проценти од почетокот на годината.

Аналитичарите објаснуваат дека некои инвеститори сметаат дека валутата е „прибежиште“ и „безбедна“ инвестиција во пандемијата на коронавирус, но други предупредуваат дека најпопуларната крипто валута во светот не е најстабилна и дека во еден момент паднала под 3.300 американски долари.

Слични содржини